МД „Илинден” – Тирана дава целосна поддршка за Резолуцијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ

Македонско друштво „Илинден” – Тирана дава целосна поддршка за Резолуцијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ, со цел да се заштитат „националните интереси во спорот за македонскиот јазик, идентитет и историја што Бугарија ѝ го наметна на Северна Македонија пред преговорите со ЕУ”.

Во соопштението, друштвото, додава дека Резолуцијата ги содржи националните црвени линии од кои ниту една влада не смее да отстапи.

– Во создавањето на текстот на Резолуцијата свој придонес имаат МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА. Таа ги содржи националните црвени линии, околу кои не смее да има компромиси и од кои ниту една влада не смее да отстапи. Ги повикуваме сите политички партии во татковината Македонија, сите македонски организации во светот да ја поддржат ова Резолуција, истакна македонското друштво „Илинден“ – Тирана.

На крајот на соопштението потпишано од претседателот Никола Ѓурѓај, се порачува дека „македонскиот јазик, идентитет, историја и национална посебност не смеат да бидат дел од никакви преговори”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот