МБА: Граѓаните да не се вознемируваат од неточни и непроверени информации за банкарскиот систем

Македонската банкарска асоцијација (МБА) ги отфрла како неточни и општествено неодговорни тврдењата од одредени субјекти во текот на изминатите денови. Воедно апелира, „граѓаните да не се вознемируваат од изјави и објави на неточни и непроверени информации за банкарскиот систем”.

-Препорачуваме да се следи официјалниот извор на информации за работењето на банките – Народната банка согласно која банките се стабилни и сигурни, располагаат со исклучително високо ниво на ликвидност, а солвентноста е повеќе од двојно повисока од законскиот минимум, наведува МБА.

Според Асоцијацијата, банкарскиот систем во секој момент може да одговори на потребите на граѓаните и компаниите, преку квалитетна и соодветна кредитна поддршка и клучно – преку безбедност за нивните депозити.

-Тоа се темели на стабилноста и сигурноста на банките и е демант на секоја пласирана невистина којашто се однесува на банкарскиот систем, стои во соопштението од МБА. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот