Мазнева: Ќе поведеме иницијатива да се формира комунална полиција

Косана Мазнева
Косана Мазнева / Фото: МИА

ЈП „Комунална хигиена“ постојано се обидува да ги едуцира граѓаните како да постапуваат со отпадот, да советува и укажува, но не може да казнува, нема законски ингеренции. Поради тоа, по примерот на земјите од соседството кои имаат комунална полиција, претпријатието планира да поведе иницијатива за такво нешто да се воведе и кај нас.

Жал ми е што ние како „Комунална хигиена“ немаме надлежност да казнуваме. Во многу земји во регионот и во нашето најблиско соседство постои нешто што се вика комунална полиција и тоа е регулирано согласно со закон. Ние со нашите служби во претпријатието постојано разговараме на оваа тема и ќе преземеме иницијатива која што ќе ја упатиме до Град Скопје за да може нешто да се стори во овој дел, па и ние како останатите земји да имаме комунална полиција која ќе биде ефикасна на терен. Казнувањето на прекршителите на Законот за јавна чистота моментално е под ингеренции на Град Скопје, па инспекциските служби од Градот се постојано на терен, но верувам дека количеството отпад, којшто се генерира во градот поради проширувањето, урбанизацијата е толку многу голем што навистина не може да се постигне. Убедена сум дека е потребна нашата помош и поддршка како јавно претпријатие – смета директорката на претпријатието Косана Мазнева.

Мазнева денеска говореше и за активностите на претпријатието во изминатиот период како што се акцијата за генерално чистење на централното градско подрачје, односно на градскиот плоштад, кејот 13 ноември, плоштадот Филип 2, улицата Македонија, чистење на споменици во Градски парк, чистење на зонски паркиралишта, миење на контејнери и на микролокациите кај што се поставени садовите, а започнати се и еко-работилници по училиштата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот