Џеј Ди Венс / Фото: Принтскрин

ВИДЕО | Маж уапсен откако се обидел да провали во домот на Џеј Ди Венс во Охајо

Еден маж е во притвор по инцидент во домот на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс во Синсинати.

Според локалните медиуми, во домот се пронајдени неколку скршени прозорци. Портпаролот на Тајната служба изјави дека властите продолжуваат да собираат информации и дека официјално ќе биде објавено штом ќе заврши истрагата.

Како што стана познато, Џ.Д. Венс не бил во својот дом во времето на инцидентот, иако ги поминал претходните денови таму и заминал во недела попладне.

https://www.youtube.com/watch?v=pdVplihsTGs

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот