фото: Принтскрин

Маж од Челопек доби кривична пријава, осомничен е дека запалил стрниште

Полицијата поднесе кривична пријава против маж  од с.Челопек, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

„На 14 август 2025 година, во негова нива во атар на село Челопек, тетовско, покрај регионалниот пат с.Брвеница – с.Радиовце, 42-годишниот И.Б. запалил стрниште, по што настанал пожар кој се проширил и зафатил поголем дел од нивата,“ велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот