Мавровскиот меморијал се одржа во Словенија, трето место за Ставре Јада

фото: Скијачка федерација на Македонија

На 7 и 8 март се организираше новото 60 издание на најстариот нордиски куп на Балканот, Мавровски меморијал. Оваа година, поради неповолните снежни услови во Маврово, домаќин на трките беше ски-центарот Покљука, Словенија.

Македонските претставници имаа одлични настапи и забележаа солидни резултати во силна конкуренција на скијачи од целиот регион.

Првиот ден од натпреварите, во женска категорија, најдобра беше Ана Цветановска која го освои 11 место со задоцнување од 1 минута и 43 секунди. Од мажите, најбрз беше Ставре Јада кој со задоцнување од 1 минута и 45 секунди успеа да се најде на 11 позиција.

На вториот ден од меморијалот, на трката од 7,5км, Цветановска се пласираше на осмото место со задоцнување од 3 минути и 53 секунди, додека пак, Јада со задоцнување од 1 минута успеа да го обезбеди одличното трето место.

На трките учество зазедоа и Матеја Трајковска, Давид Торевски, Дарко Дамјановски, Виктор Чакаровски, Адриен Боирал, Олгица Кованчалиев, Кирјана Димитровска и Лука Георгиевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот