Масовно пукање во близина на средно училиште во САД, најмалку двајца мртви
Најмалку двајца се убиени денеска во масовно пукање во парк, соопшти Државното истражно биро на Северна Каролина, САД, објавува Си-ен-ен.
Препорачано
Пукањето се случило во паркот Лајнбах, во близина на средно училиште.
„Она што го потврдивме во овој момент е дека двајца малолетници се согласиле да се сретнат во паркот за да се тепаат“, рече помошникот началник на полицијата Џејк Сваим.
Властите добиле повик за тепачка околу 9:52 часот наутро, и додека полицајците пристигнале на местото на настанот, тепачката ескалираше во пресметка со оружје.
„Ситуацијата ескалираше и неколку лица почнаа да пукаат едни кон други“, објави полицијата на социјалните мрежи.
„Ова е изолиран инцидент и сè уште е под активна истрага. Неколку лица – и жртви и осомничени – се идентификувани и лоцирани“, соопшти полицијата.
Средните училишта во близина на местото на пукањето работат нормално, соопшти полицијата.
„Училиштата се безбедни. Родителите кои се обидуваат да ги земат своите деца од средното училиште „Џеферсон“ треба да изберат алтернативен пат“, се наведува во соопштението.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
21мин
-
7час
-
8час
-
8час
-
8час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


