МАСОВНИ ОТКАЗИ ВО ГЕРМАНИЈА! Ова е опасно за сите, се случува нешто што никој не го очекуваше!
Падот на производството на германските производители првенствено е последица на глобалната трговска војна, пред се на САД и Кина.
Германската автомобилска индустрија е во криза, нешто што веќе беше познато според претходните квартални податоци во 2019 година, а сега се потврдува и според најновиот годишен извештај, според кој годишното производство во германските фабрики за автомобили паднало на 4,66 милиони возила, нивото од 1996 година.
Препорачано
Ова е намалување од 9% во споредба со 2018 година, пренесува „Блумберг“. Причината за падот на производството, сепак, не е пониската продажба на автомобили во Германија, затоа што и покрај забавениот економски раст во Германија годинава, порасна за 5% со вкупно продадени 3,6 милиони автомобили, што е најдобра продажба од 2009 година, кога последиците од глобалната финансиска криза започнаа да се чувствуваат на германскиот пазар на автомобили.
Падот на производството на германските производители првенствено е последица на глобалната трговска војна, пред се на САД и Кина. Како резултат на тоа, падна побарувачката за германски автомобили на клучните пазари, особено Кина, како што може да се види и од германскиот извоз на автомобили, кој падна за 13 проценти во 2019 година на 3,5 милиони возила.
Но, причините за кризата во најсилната автомобилска индустрија во Европа одат подлабоко од трговската војна на САД со Кина што ги погоди пазарите на автомобили ширум светот. Глобалната автомобилска индустрија, вклучително и Германија, драматично се менува. Строги еколошки барања на Европската унија, поттикнати од најголемиот скандал во автомобилската индустрија од овој век – „Дизелгејт“, кога американските регулатори во 2015 година го фатија германски „Фолксваген“, како најголем производител во светот, дека ги лажира податоците за издувните гасови, поточно азотните оксиди (NOx) во нивните дизел мотори.
Скандалот се прелеа и во Европа, беа сменети шефовите во групацијата, а „Фолксваген“ се одлучи за нова ера – електрификација. И нивната политика ја следат сите други производители на автомобили. Но, таквата трансформација од термички на електрични погони бара инвестиции од милијарди евра.
Дополнителен удар за производителите на автомобили во Европа го донесе Европската комисија со нови регулативи, кои стапија во сила првиот ден од 2020 година. Производителите на автомобили ќе бидат казнети за секој грам од дозволените 95 грама јаглерод диоксид (СО2) по изминат километар со 95 евра по грам. Што се однесува до индивидуалните производители, факт е дека просечната емисија на „CO2“ на нови автомобили што се продаваат во Европа беше 121,5 g/km, а особено новата одредба ќе влијае на производителите кои произведуваат автомобили со повисоки перформанси како што се „Порше“, „Ауди“, „БМВ“ и „Мерцедес“.
Како резултат на тоа, цените на новите автомобили се очекува да растат, а купувањето на индивидуални модели ќе исчезне. Германските производители најавија реструктуирање на бизнисот, а отпуштањата и најавите за отпуштање од работа на работниците во автомобилската индустрија започнаа уште минатата година. Преминувањето кон производство на електрични автомобили неизбежно носи помалку работни места, затоа што електричните автомобили се поедноставни и имаат помалку делови од класичните автомобили, сето тоа ќе влијае и на добавувачите, а во иднина би можело да влијае и на сервисерите и производителите на резервни делови.
Од една страна, германските производители се борат со помалата побарувачка за своите возила, а во исто време треба да обезбедат милијарди евра за да инвестираат во развој на електрични автомобили и хибриди. Инвестициите во електрификација „Фолксваген“ ги објави во текот на пролетта, како дел од дигитализацијата на компанијата до 2023 година, и дека ќе отпушти 4.000 работници, претежно во администрацијата. Во септември се појави неофицијално соопштение дека баварскиот гигант „БМВ“ планира да отпушти 6.000 работници до 2022 година.


