Масакр на шумата на Шара, фатени дрвокрадците, затекнати 200 исечени борови стебла

Борова шума/Фото: Слободен печат/Зоран Димовски

Полициски службеници на СВР Тетово, вчера во 15 часот и 30 минути ги лишиле од слобода М.Р.(60) и З.И.(58), двајцата од тетовска Шипковица.

„Тие биле затекнати во месноста „Студена река“, атар на тетовски Бродец, како со моторни пили бесправно сечат букови стебла. Извршен е увид и било утврдено дека на местото биле пресечени околу 200 стебла. По целосно документирање на случајот против двајцата ќе следуваат соодветни поднесоци“, соопшти портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот