Фото: Слободен печат/Драган Митрески

ВИДЕО | Марш за ангелите во Кочани: Ние сме од крв и од месо, тргнавме по Божјиот пат за еден ден да сме со нашите деца

Родителите чии деца загинаа во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на денешниот марш за ангелите упатија порака кон оние што ги обвинуваат што ги пуштиле децата во диското, да се преиспитаат. Згрозени и револтирани од таквиот пристап, порачаа дека нивните најмили не се виновни што државата со непостапување овозможила објектот да функционира.

-Ниое родителите сме од крв и месо се бориме за правда не за друго. Ако јавноста не напаѓа, нека биде сигурна дека сакаме еден ден да одиме горе кај децата. Тргнавме по божјиот пат да одиме нанапред и еден ден да бидеме со нив, затоа не лажеме, немаме смелост да лажеме. Целта ни е еден ден кога ќе отидеме при нив да кажеме дека сме дел од нив и дека сме ја докажаале правдата. Ама како што гледам нема да биде така. Ова не е трагедија туку убиство на 62 деца, рече една од присутните мајки.

Друга се приклучи и порача дека родителите не се партиски обоени.

-Не сме партиски обоени, да не ни пишуваат по коментарите „одете овој ќе ви даде пари, одете оној ќе ви даде пари“. Со пари ништо не се прави и не ни требаат. Да се свесни тие што седнуваат на функции дека нема да градат кариери на мртвите деца, за тоа да бидат известени кога ќе седнат во фотелјите. Судиите правично да судат. Ми се закануваат на Фејсбук конкретен човек. Треба да знае јавноста, некои госпоѓи и господа во коментарите да си ги гледаат своите деца и да се благодарни за нив, нешто нив кога би им се случило ќе ги прашам дали да седиме ние дома. Нека се стават една секунда во нашата кожа пред да искоментираат. Судиите криво нека седат право нека судат. Многумина пуштени во домашен притвор се шетаат, а нашите деца гнијат во земјата, рече друга мајка на маршот на ангелите. 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот