Фото: EPA-EFE/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Марсеј и Велодром го чекаат Ливерпул во борбата за осминафинале во ЛШ

Фудбалерите на Марсеј и Ливерпул се среќаваат денеска од 21.00 часот на „Велодром“ во еден од најинтересните натпревари од седмото коло во Лигата на шампионите. Влогот е висок – пласман во нокаут фазата на најквалитетното европско клупско натпреварување. Двата тима сè уште се надеваат дека ќе се пласираат во првите осум и ќе избегнат дополнително коло од нокаут фазата, а моменталната форма и резултатите ветуваат отворен дуел со многу голови на југот на Франција.

За Ливерпул, ЛШ оваа сезона често беше како „засолниште“ од проблемите што ги снајде во Премиер лигата. „Црвените“ приредија неколку незаборавни игри во Европа – двоен триумф против Реал Мадрид и победа над Интер на „Џузепе Меаца“. Во претходното коло од ЛШ, играчите на Марсеј го победија Унион Сен-Жил со 3:2, со два гола на Мејсон Гринвуд, и со тоа ја остварија својата втора последователна победа.

Францускиот претставник веќе ги победи Њукасл и ПСВ, но поразите од Спортинг, Аталанта и Реал Мадрид го оставија на 12-то место на табелата, три бода помалку од зоната за директен пласман во осминафиналето. Затоа овој натпревар е од огромно значење за нив, но и за Ливерпул. Марсеј ја потврди својата добра форма во домашното првенство со убедлива победа над Анже (5:2). Како најефикасен тим во Лига 1, тимот на Де Зерби сигурно нема да биде лесен противник за актуелните англиски шампиони.

Историјата на директните натпревари е во корист на Ливерпул, кој двапати го победи Марсеј во лигашката фаза од сезоната 2008/09, но многу работи се променија од тогаш – и на Велодром и на Енфилд.

Исто така, има многу прашања кога станува збор за составите. Ливерпул чека одлука за евентуалното враќање на Мохамед Салах по Африканскиот куп на нации, додека сигурно нема да сметаат на Конор Бредли, Џовани Леони и Александар Исак. Кај Марсеј надвор од тимот се Дерек Корнелиус и Рубен Бланко, додека Најеф Агерд, како и Салах, се очекува да се врати по Африканскиот куп на нации.

Лига на шампиони, седмо коло

Среда, двојки:

Галатасарај – Атлетико Мадрид 18.45 часот
Карабах – Ајнтрахт Франкфурт 18.45

Аталанта – Атлетико Мадрид 21.00
Челси – Пафос 21.00
Баерн Минхен – Унион Сен Жил 21.00
Јувентус – Бенфика 21.00
Њукасл – ПСВ 21.00
Марсеј – Ливерпул 21.00
Славија Прага – Барселона 21.00

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот