Marko Rubio
Марко Рубио/ EPA-EFE/JIM LO SCALZO / POOL

Марко Рубио: Куба е во многу голема неволја

Американскиот државен секретар Марко Рубио, на прашањето на NBC, дали Америка сега ќе ја таргетира кубанската влада, рече дека „кубанската влада е огромен проблем“, а кога беше прашан дали таа изјава е потврдна, Рубио одговори:

„Мислам дека се во голема неволја. Нема да разговарам со вас какви ќе бидат нашите идни чекори и каква ќе биде нашата политика во овој поглед. Но, не мислам дека е тајна дека не сме големи обожаватели на кубанскиот режим“, забележа тој.

Најновите забелешки на Рубио доаѓаат откако тој и претседателот Доналд Трамп на прес-конференција во саботата сигнализираа дека администрацијата би можела да почне да ја таргетира кубанската влада, при што државниот секретар издаде строго предупредување до кубанските претставници:

„Да живеев во Хавана и да бев во владата, ќе бев загрижен“.

Куба, еден од најблиските сојузници на Венецуела, го осуди нападот на САД како „чин на државен тероризам“. Земјата, која во голема мера се потпира на венецуелската нафта, е во длабока економска криза.

Државен секретар на САД денеска демантираше дека на САД им треба венецуелска нафта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот