МАРИЈА ШЕРИФОВИЌ го напушта ГРАНД поради БЕБЕ: Ќе станам МАЈКА и ќе го чувам детето САМА!

Директорот на „ГРАНД“ Саша Поповиќ постојано истакнува дека „Ѕвездите на Гранд“ се најгледани поради „тимот кој победува“, мислејќи притоа на членовите на жирито кое е собрано со цел да ги оценува кандидатите кои и се претставуваат на публиката.

За заминувањето на Марија Шерифовиќ од овој „златен тим“ се шушка меѓу секои две сезони откако учествува, а овој пат и таа сама ги подгреа овие гласини бидејќи веќе во неколку интервјуа истакна дека сериозно ја разгледува можноста повеќе да не биде дел од жирито бидејќи е „сита од се“.

Во последниот „Гранд специјал“, Марија, сепак, даде нова причина за своето заминување по моментално актуелната сезона.

„Кога ќе ги напуштам „Ѕвездите на Гранд“ тогаш ќе станам мајка. Сакам сериозно да се посветам на тоа, а не детето да ми го чуваат баби и дедовци“, изјави Шерифовиќ.

Саша на тоа и одговори дека сепак ќе мора да почека „уште неколку години“ бидејќи тој нема да ја пушти да си замине.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот