Маричиќ на средба со Сарацин и Франгеш, разговараа за европската перспектива на Западен Балкан

Фото: СЕП

Заменик претседателот за европски прашања Бојан Маричиќ, се сретна со Мануел Сарацин, специјален претставник на Сојузна Република Германија за Западен Балкан, и Анжеј Франгеш специјалниот пратеник на Република Словенија за Западен Балкан, соопшти СЕП.

Фокусот на средбата беше посветен на реализацијата на евроинтеграцијата на Северна Македонија, со споделување на искуства и мислења за користење на бенефитите за планот за раст, уставните измени, реформите и извесноста на европската перспектива на Западен Балкан.

– Заедничката детерминираност на Северна Македонија и државите од Западен Балкан за влез во ЕУ како и постојаната силна поддршка од нашите партнери е гаранција за напорите кои ги вложуваме и овозможуваат успешно изодување на патот кон ЕУ, истакна Маричиќ.

На средбата е потврдено заедничкото пријателство и поддршката за напредокот кон ЕУ од двете пријателски земји, Словенија и Германија на Северна Македонија, се вели во соопштението.

Маричиќ заедно со специјалните пратеници оценија дека членството во ЕУ ќе биде извесно, а новиот План за раст, подадената рака од Европската Комисија треба што поскоро да се прифати и во целост искористи со цел реализирање на нашата стратешка цел за влез во ЕУ.

Двајцата специјални пратеници за Западен Балкан, Сарацин и Франгеш неспорно ја потврдија стратегијата на Европската Комисија за идното проширување, која презентира конкретна слика за реализација на вклучување на регионот на Западен Балкан во ЕУ и ја поддржаа нашата заложба за превземање на следните конкретни мерки во процесот на преговорите, реализација на реформите и овозможување на бенефитите за граѓаните преку Планот за раст за Западен Балкан.

Вицепремиерот ги потврди заложбите и посветеноста на Владата за натамошна успешна реализација за европската иднина на Северна Македонија.

За крај, Маричиќ се заблагодари на поддршката на Германија и Словенија кои се наши политички, економски партнери, и сојузници во исполнувањето на реформската агенда и на стратешките цели на патот кон ЕУ, наведуваат од СЕП

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот