Маричиќ – Тимоние: Франција е силен поддржувач за брз почеток на преговорите со ЕУ

Франција како голем пријател на Северна Македонија покажува силна поддршка за нашите аспирации за брз почеток на преговорите со ЕУ и е значаен поддржувач на реформските процеси за изградба на систем на владеење на правото, како и за унапредувањето и заштитата на човековите права, изјави денеска министерот за правда Бојан Маричиќ на средба со францускиот амбасадор во земјава, Кристијан Тимоние.

На францускиот амбасадор Тимоние кој е во заминување, министерот Маричиќ му се заблагодари за посветеноста и личното учество во постигнувањето на најдобриот можен исход на реформскиот пат на Република Северна Македонија.

Како што соопшти Министертсвото за правда, изразувајќи очекување за продлабочување на соработката, Маричиќ истакна дека земјата се наоѓа во исклучително важен период непосредно пред одржувањето на првата меѓувладина конференција и официјалниот почеток на преговорите меѓу Северна Македонија и ЕУ, период во кој интензивирано ќе се посвети на реформите во делот на владеењето на правото.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот