Маричиќ: Случајот „Јавна соба” ќе биде катализатор за побрза измена на законите и за подигнување на јавната свест

Случајот „Јавна соба” ќе биде катализатор за побрзо носење на потребните законски измени, а јавната свест за овој проблем да се подигне на повисоко ниво, напиша министерот за правда, Бојан Маричиќ на неговиот Фејсбук профил.
– Сите сме длабоко вознемирени од случајот „Јавна соба” кој го потресе целото општество. Пред сѐ како човек изразувам поддршка на жртвите кои минале и сѐ уште минуваат низ тежок период. Ги охрабрувам да бидат гласни и укажувам дека може да сметаат на нас и дека заедно ќе се бориме против вакво зло, вели Маричиќ.
Овој случај ќе биде катализатор, како што вели министерот, за потребните законски измени да се случат побрзо, а јавната свест за овој проблем да се подигне на повисоко ниво.
– Министерството за правда ги изработи измените на Кривичниот законик со кои се обезбедува значително поголема заштита на жртвите, како оние од „Јавна соба”. Измените се во согласност со Истанбулската конвенција и опфаќаат широк спектар на случаи кога жртви на сексуално, психичко и физичко насилство се жените. Никој не треба да го премолчува насилството. Да не стравуваме, да бидеме гласни и заедно да се избориме против насилниците, напиша министерот Маричиќ на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот