Маратонците утре ќе трчаат до Крушево во чест на Тоше

тоше проески
Тоше Проески/ Фото: Архива на Слободен печат

Крушево утре го одбележува денот на загинување на големата македонска  и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески кој пред 13 години загина во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска.

Се навршуваат 13 години без Тоше, но крушевчани и маратонците ќе го одбележат споменот за трагично загинатиот, нашиот Тоше.

Традиционално маратонците ќе стигнат во Крушево и на неговото вечно почивалиште на Гумење. Пречекот на маратонците е во организација на средното училиште „Наум Наумоски Борче, на основното училиште „Никола Карев” и на Општината.

-Конечно успеавме  барем малку  да му се оддолжиме на Тоше. Преку многу настани во негов спомен ќе продолжиме да ги негуваме неговите лик и дело, вели крушевскиот градоначалник Томе Христоски. 

Како и досега, од влезот на Крушево маратонците ќе се пречекуваат со црвени рози, а на Гумење ќе се пеат песните на Тоше Проески.  Сите ќе му оддадат почит на Тоше, а оваа година почитта е во неговото обновено, изградено вечно почивалиште како спомен обележје. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот