Манчевски: Судот ќе каже која е казната којашто треба да ја плати Мицкоски за неговото неодговорно однесување (ВИДЕО)

Потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски, имаше видео обраќање, во кое истакна дека лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, треба да сноси одговорност.

-Деновиве бевме сведоци на крајно неодговорно однесување од страна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, но она што е уште пострашно е што во дел од неговите изјави тој апсолутно потсетува на едни поранешни времиња, кога власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ беше и судија, и полиција, изречител на казни и мерки. Имено не е така едноставно Христијан Мицкоски да каже направив грешка и сега ќе платам казна и тоа е тоа. Во она што се случуваше на улица “Боемска” има редица на кривични дела.

Прво тој како и многу пати досега што се покажа не ги почитува мерките за заштитта од Ковид 19.Тоа се покажа и во други примери претходно, ова е веќе кривично дело и не е така едноставно. Правдањето дека не знаел дека не смее да седи во внатрешност на угостителски објект е навистина смешно, сите го знаат тоа и впрочем не требал ни да биде пуштен внатре во објектот.

Вториот момент за кривично дело е дека спречуваа луѓе инспектори, официјални лица во извршување на својата службена должност. Овие луѓе 2 часа не беа пуштени да влезат во внатрешноста на угостителски објект само и единствено затоа што таму седел Хритијан Мицкоски со неговото друштво, и ова е кривично дело.

Она што сакаме да му го порачаме е дека заврши времето кога ВМРО-ДПМНЕ или било кој политичар пишуваше казни и самиот пресудуваше. Не е така, судот на основа на она што го кажуваат доказите и кривичните пријави кој што ќе следуваат, ќе каже која е казната којашто треба да ја плати Христијан Мицкоски за неговото неодговорно однесување пред се кон здравјето и животот на граѓаните, истакна Манчевски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот