Манчевски: Кадарот на ВМРО-ДПМНЕ во преодната влада прави неуспешни обиди за блокада

Цел месец се во Владата и не понудија ништо конкретно, изјави министер за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Потпретседателот на СДСМ и министер за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски изјави дека кадарот што ВМРО-ДПМНЕ неполн месец го има во преодната влада со досегашно однесување не покажале ништо, освен дека се кадар на Никола Груевски кои работат против интересите на државата.

– Цел месец се во Владата и не понудија ништо конкретно, ниту една мерка ниту една препорака за тоа како евентуално институциите да функционираат подобро. Единствено што гледаме се блокади и обиди да се обнови режимот. Најверојатно тоа се и насоките што ги добиваат од Будимпешта. Последен доказ за тоа е и барањето на техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, во својот кабинет да го смести советникот на Ѓорге Иванов, Синиша Алексовски. Алексовски со години беше десна рака на Иванов, а низ сведочења за процесот за 27 април јавноста можеше да слушне и за неговата улога во организацијата на настаните од крвавиот четврток, рече Манчевски во партиското седиште.

Ги прозва и другите технички министри или дополнителни од опозициската партија. Тимот на Рашела Мизрахи, рече, бил составен од лица кои се креатори на проектот „Скопје 2014″ и од лица кои што биле дел од кабинетот на Диме Спасов, дополнителниот заменик министер за земјоделство Цветан Трипуновски наместо да се грижи за земјоделците, рече, упаднал во простории на негови вработени и јавно ги снимал и вршел политички притисоци, а е познат и по тоа што организирал партиски протести каде што функционери и членови на ВМРО-ДПМНЕ глумеле дека се земјоделци.

-Дополнителната заменичка министерка за финансии Гордана Димитриеска Кочовска во својот тим, исто така, има ангажирано лица блиски на Никола Груевски и Ѓорге Иванов, како и блиски соработници на поранешниот министер Зоран Ставревски кој што остави длабоки штети врз македонската економија. Невенка Стаменковска Стојковски, која што е дополнителна заменичка министерка за информатичко општество и администрација е самата директно кадар на Никола Груевски. Таа беше во првите редови пред судовите кога се одвиваа судските процеси против криминалот на Никола Груевски и високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, рече Манчевски, додавајќи дека граѓаните на 12 април ќе го казнат таквото однесување на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот