Манчевски: Документи по електронски пат, граѓаните ќе добиваат смс пораки со инструкции од Владата

Најчесто бараните документи ќе можат да се добијат по електронски пат. Да ги избегнеме чекањата по шалтери, апелираше денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на попладневната прес-конференција со министерот за здравство Венко Филипче.

-Со цел да се намали фрекфенцијата и чекањето, овозможено е истите да се добијат по електронски пат.

Граѓаните можеа да поднесат електронско барање, а сега целосно може да го добијат и документот, нема потреба да се појават на шалтер.

На порталот Услуги гов мк има услуги за сечиј дом. Дополнително за другите услуги може да се прочитаат сите потребни информации за издавање на одреден документ. Уште еднаш аплеираме да се користат овие можности за да се намали непотребното одење во институции.

Граѓаните ќе добиваат и смс пораки со инструкции од Владата, рече Манчевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот