Повици за мобилизација: Мицкоски со амбиции да го праќа Ахмети во опозиција
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ има амбиција ДУИ да ги прати во опозиција. Тој и денеска повикува на масовно гласање на 8 мај. Според Христијан Мицкоски, власта немало да остави да биде едноставно и затоа морало да го добијат мнозинство во парламентот.
„Да го имаме мнозинството во собранието, да имаме наш претседател и заедно со градоначалниците да направиме трансформација на Македонија. Има центри на моќ кои не сакаат да ја видат успешна Македонија, имаме такви и тие беа клучен фактор до сега беа и во Владата, и тука мислам на ДУИ и Али Ахмети, тој сака да ја види осиромашена Македонија и слично. Тие не сакаат да ја видат успешна Македонија“, рече Мицкоски.
Мицкоски укажа дека овие избори се шанса криминалците да ги пратиме во опозиција.
„И ова го зборам само поради криминалот, не го зборам за ДУИ затоа што се Албанци, не, туку поради криминалот. Јас ја повикав опозицијата кај Албанците да се бориме заедно. Јас се борам против ДУИ кои ја ограбуваат и на колена ја ставаат Македонија“, заклучи Мицкоски.