Таравари за можните коалиции: По изборите ќе се водиме од националниот интерес на Албанците

Арбен Таравари, претседателски кандидат Вреди, Фото: Фејсбук Таравари

Доскорешниот кандидат за претседател од „Вреди“, Арбен Таравари за разговорот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека „добро е што партијата ја сфатила тешината на гласот и на пратениците Албанци. Тие сега ќе се фокусирале на изборите, а после 8 мај ќе се воделе од националниот интерес на Албанците, од итната потреба да се исчисти власта од корупција и од нивната непреговарачка прозападна ориентација. Не откри детали дали е прифатлив повикот на Мицкоски за коалиција.

„Предлогот на Мицкоски покажува дека и ВМРО-ДПМНЕ разбрала каде е тежината на гласот и на пратениците Албанци. Но, нашиот фокус како коалиција и како партија е работата за изборите на 8 мај, за најголем број мандати. По изборите ќе се водиме од националниот интерес на Албанците, од итната потреба да се исчисти власта од корупција и од нашата непреговарачка прозападна ориентација. Ние како Вреди сме пообединети од кога било. Нашиот глас е мнозинство од гласовите на Албанците. Нашите мандати одат кај пратениците Албанци. Бидејќи ние го штитиме напредокот на Албанците, не ги продаваме и не ги купуваме“, порача Таравари.

Мицкоски на прес-конференција по затворањето на гласачките места во средата кажа дека телефонски се слушнал со претседателскиот кандидат на Вреди и му честитал за резулатот.

„Се слушнав со албанската опозиција, со г-динот Арбен Таравари, му честитав на резултатот и му посакав успешни парламентарни избори, идна влада во Македонија“ рече Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот