Хари Мегваер/Manchester United

Манчестер јунајтед му верува на Мегваер – дефанзивецот потпиша нов договор

Хари Мегваер ќе остане во Манчестер јунајтед и наредната сезона, откако стави потпис на нов договор кој го обврзува до јуни 2027 година.

Договорот предвидува и опција за продолжување уште една година. Мегваер, кој во Јунајтед пристигна во 2019 година, по потписот на новата соработка не го криеше своето задоволство:

„Да го претставуваш Манчестер јунајтед е најголема чест. Тоа е одговорност што мене и моето семејство нè прави горди секој ден. Пресреќен сум што ја продолжувам приказната со овој неверојатен клуб на најмалку осум сезони и што ќе продолжам да играм пред нашите навивачи“, изјави Мегваер.

Задоволство истакна и директорот на клубот, Џејсон Вилкос:

„Хари го претставува менталитетот на Манчестер јунајтед, тој е врвен професионалец кој носи искуство и лидерство на тимот. Тој е целосно решен да помогне Јунајтед да оствари долгорочен успех“, изјави Вилкос.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот