Весна Тренкоска/фото: Драган Митрески/ фото: Слободен печат
Весна Тренкоска/фото: Драган Митрески/ фото: Слободен печат

МАМАВИЗИЈА | Тренкоска: Првиот развод го прифатив нормално, но вториот го доживеав многу болно

Раскажуваме нова приказна за храбра мајка, овој пат главната хероина ни е познатата адвокатка Весна Тренкоска. Таа е самохрана мајка на три сина, Калин и Лазар, кои ги добила од првиот брак и Мартин кој го добила во вториот брак. Сите три деца се плод на љубов, но судбината не сакала децата да растат заедно со татковците. Тренкоска се разведувала два пати, како што вели, одбирала погрешни партнери, со пороци.

– Првиот брак се случи на многу млада возраст, со првиот сопуг се земавме многу млади, незрели. Не знам зошто имав двајца партнери и двајцата со пороци. Така требало да биде. Во првиот случај кога видов дека сопругот ветува дека ќе престане да го прави тоа, а продолжуваше, сфатив дека јас нема да можам да живеам така. Калин тогаш имаше 2,5 години, а Лазар само 40 дена. Храбро одлучив дека ќе ги растам децата сама и бев сигурна дека ќе успеам во тоа. И покрај тоа што беа многу мали и покрај бројните совети да почекам децата да пораснат, јас бев сигурна дека тоа е правиот момент, повеќе не се издржуваше – со солзви во очите се присетува Тренкоска на овој период од животот.

Денот на разводот бев на концерт на Малума

Првиот развод за неа не претставувал некоја болка, како што вели, го поминала нормално.

– Колку и да звучи сурово, јас за првиот развод не почувствував болка, туку само рaзочарување дека сум се дала максимално некому, а тој ме изневерил. За разлика од тоа, вториот развод го поминав многу болно, многу стресно. Во овој случај поранешниот сопруг буквално го снема, една година како да го беше голтнала земја. Со него имам едно дете, кога синот беше болен ми ѕвонев, му пишував, ни трага ни глас од него. Тоа многу ме натажи, многу лошо ми влијаеше сè, дури ми се одрази и на професијата. Ми требаше време за да застанам на нозе. Но, морав да направам нешто за сопственото ментално здравје, па така денот кога се случуваше разводот јас не размислував дали да одам во Бугарија на концерт на Малума. Колешката од судница детално преку пораки ме известуваше како се одвива процесот, се тресев, но среќа што не бев физички присутна таму – раскажува таа.

Низ смеа вели дека по два поминати разводи подобро ги советува клиентите како адвокат во бракоразводни парници.

Весна Тренкоска/фото: Драган Митрески/ фото: Слободен печат
Весна Тренкоска/фото: Драган Митрески/ фото: Слободен печат

Тренкоска ни доловува како изгледа животот на самохрана мајка со три деца, по два развода, што или кој ја одржал во живот. Споделува како успеала да ги избаланисра работата и приватниот живот и да не потклекне ни во едното ни во другото.

Ексклузивно во „Мамавизија“ таа дава правни совети за деструктивни семејства, за жртви на семејно насилство и ги охрабрува сите да тропнат на вратата кај адвокатите, како што вели, тоа не е скапа услуга, за да не лутаат.

Весна Тренкоска/фото: Драган Митрески/ фото: Слободен печат
Весна Тренкоска/фото: Драган Митрески/ фото: Слободен печат

Погледнете ја новата „Мамавизија“ вечерва со почеток во 20 часот на јутјуб-каналот на „Слободен печат“. Водител и автор е Александра Вуксановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот