Кристина Стојанова - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Кристина Стојанова - Фото Слободен печат - Методи Здравев

МАМАВИЗИЈА | Стојанова: Купувањето јајце-клетки не треба да биде табу-тема

Скопјанката Кристина Стојанова се охрабри да ја раскаже својата приказна за мајчинството, патот кој за неа и за нејзиниот сопруг не бил ни малку лесен. Еден обичен преглед на лекар ѝ го менува комплетно животот, ја става во искушение, очај и болка, но надежта да стане мајка не згаснува. Таа денес е мајка на слаткиот Ведран.

-Бевме на консултации кај сите лекари за борба со неплодност во државава, баравме совет и од странство. Ми беше констатирано дека јас нема да можам да останам бремена по природен пат поради моите лоши резултати, на сопругот резултатите му беа како на момче. Кај мене проблемот беше во квалитетот на јајце-клетките. Советот беше да си купиме јајце-клетки – раскажува за „Мамавизија“ Стојанова.

Оваа информација ја растревожила, товарот дека нема да може да го усреќи сопругот и целата фамилија која очекувала принова, станал поголем, со силни емоции се присетува таа пред нашите камери.

-Јас многу сакам деца, но не ми беше лесно да го прифатам моментот од туѓи јајце-клетки да имам бебе. Не дека не би го сакала тоа дете, сепак и тоа би било од моја крв, јас ќе го носам, но ми требаше време за да го испроцесирам, разберам и прифатам тој момент. Купивме јајце-клетки! Решив дека ќе направам сè, ќе поминам и низ ова само да станам мајка – вели таа.

Стојанова во емисијата открива како оди оваа постапка и дека не треба да биде табу-тема.

-Купувањето јајце-клетки од донор не е непознат процес кај нас, многу двојки што се борат со стерилитет се соочуваат со овој процес. Јас не се срамам од она низ што поминав и редно е за овие теми да почне да се зборува поотворено во јавноста, како едно охрабрување за идните родители – рече нашата соговорничка.

Кристина Стојанова - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Кристина Стојанова – Фото Слободен печат – Методи Здравев

Оваа храбра мајка поминала низ неколку ин витро процедури и спонтани абортуси, но надежта во неа никогаш не престанала да гори како вулкан дека еден ден чудото ќе се случи. Драги читатели, оваа приказна има среќен крај. Семејството Стојанови пред девет месеци добило принова и тоа на огромно изненадување, по природен пат.

Што и како се случило да стигнат до убавата вест, дознајте во емисијата вечерва во 20 часот на јутјуб-каналот на „Слободен печат“. Водител и автор е Александра Вуксановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот