Софија Јанева Чемерикиќ / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

МАМАВИЗИЈА | Софија Јанева: Мајчинството не е секогаш розево, првите месеци за мене беа пекол

Познатата инфлуенсерка Софија Јанева Чемерикиќ  во „Мамавизија“ отворено зборуваше за бројните предизвици со кои се соочила откако станала мајка. Дека мајчинството не е така розево, не мириса само на бебешки кремчиња, пудра и млекце, туку понекогаш значи и сериозен ризик, претставува макотрпен процес од животот на една жена.

Неколку важни теми отвораме со храбрата Софија, којашто оваа година стана мајка и на свет го донесе слаткото бебенце Матео.

-Јас имав многу лесна бременост, но на сметка на тоа имав многу тежок породување. Почнав да се породувам природно, но се искомплицираа некои работи за време на породувањето коешто траеше повеќе од 12 часа. Во едне момент престана и срцевата реакција на Матео. Мораа итно да ме носат во операциона сала за царски рез – се присетува Јанева Чемерикиќ на овој значаен ден за неа, пред 10 месеци.

Првите месеци со бебе за неа биле пеколни, поминала низ многу лоши денови за кои зборува јавно за да ја утеши секоја мајка што се соочува со нешто слично.

-Додека бевме во болница јас немав млеко, многу се нервирав поради тоа затоа што сакав да го дојам син ми. Само што нè пуштија од болница мене наеднаш ми надојде млекото, што не е добро. Поради ова качив многу висока температура и завршив во болница. Не беа поминати 40 дена кога ми се случи следниот предизвик. Матео се разболе. Не ни беше јасно како, бидејќи ние бевме многу внимателни, него носевме никаде, но се покажа дека најверојатно закачил некој вирус додека сме го носеле на лекар, на тие редовни контроли. Тие денови беа пекол за мене, имаше моменти кога ни докторите не ми кажуваа што му е на моето дете. За среќа му се подобри состојбата и се вративме на домашно лекување – вели таа.

Сите овие стресови, додава Јанева, ѝ влијаеле на менталното здравје, коешто во следниот период го зело данокот.

-Одеднаш јас почнав да тонам во монотонија, се фатив себеси како правам едни исти работи во секојдневието, притоа воопшто не посветувам внимание на себеси. Не ми беше грижа како изгледам, не ме интересираше ништо околу мене, не сакав да разговарам со луѓе. Мојот фокус беше само моето бебе. Ова беше многу тежок период за мене – рече таа.

Софија Јанева Чемерикиќ/ фото: Слободен печат

Јанева во „Мамавизија“ ни открива како таа излегла од постопрдилната депресија и што и помогнало повторно да се врати онаква каква што сите ја знаеме, весела, разговетна и харизматична.

– Докторката со којашто разговарав ми рече дека, една од седум мајки во просек се бори со постпродилна депрсија и дека не сум само јас.

„Мамавизија“ започнува вечерва во 20 часот на јутјуб-каналот на „Слободен печат“, ќе ни претатсвува чест доколку бидете во нашето друштво.

Автор и водител на програмата е Александра Вуксановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот