Малолетни пешаци прегазени во сообраќајки во Битола и Охрид

Општа болница -Охрид, Фото: Архива

Вчера во 19.10 часот било пријавено дека во Охрид, на ул.„Ванчо Питошески”, патничко возило „ауди” со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Р.М.(35) од Охрид удрило во малолетен пешак од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Претходно во 18.45 часот во СВР Битола било пријавено дека на паркинг на ул.„Смилевски Конгрес” во Битола, товарно возило „фиат панда” со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Ц.(28) од Битола, удрило во малолетен пешак од Битола.

Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани од Клиничката болница Битола.

Извршен бил увид од увидната екипа од СВР Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот