Отворање на изложбата во КИЦ – Скопје / Наградените уметници со раководството на ДЛУМ и КИЦ – Скопје

Малиот формат и минијатурите имаат посебно место во творештвото на ликовните уметници

Во Културно-информативниот центар во Скопје од 21 ноември е поставена изложбата „Мал формат / Миниартура“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. На изложбата се претставени дела во дводимензионален и тридимензионален формат – цртежи, слики, колажи, скулптури, објекти, графики и дела во други техники од членовите на уметничката асоцијација.

Малиот формат и минијатурата се чести модели на запишување фази од процесот на реализација на ликовните дела и со тоа се дел од тековната продукција на ликовните уметници. Во тој процес и продукцијата на финални ликовни дела во помал формат е од особено значење, бидејќи дава посебно место на јасната идеја, прецизноста во реализацијата на делата и актуелност на понудениот концепт.

Изложбата се организира веќе 41 година како соработка помеѓу Културно-информативен центар – Скопје и ДЛУМ, а оваа година наградата „Вангел Коџоман“ му е доделена на уметникот Никола Пијанманов за мал формат, додека наградата „Константин Мазев Коце“ ја доби уметницата Јана Јакимовска за мал формат.

Уметничкиот Совет на ДЛУМ оваа година ги награди авторите Мице Јанкуловски за „Мал формат“ и Росица Лазеска за „Миниартура“.

Проектот за реализација на изложбата „Мал формат / Миниартура“ на ДЛУМ е поддржан од Министерството за култура и туризам. Изложбата ќе биде поставена до 28 ноември годинава.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 257, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 23-24.11.2024)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот