Мала астро школа: Каде ви е среќата?

Позицијата на Јупитер во една од дванаесетте куќи покажува на кое поле ќе имате најмногу среќа во животот и каде успесите ќе пристигнуваат најлесно. 

Каде и да престојува Јупитер, тој дел од нашиот живот ќе биде среќен и ќе имаме длабоки радости и задоволства во активностите во таа специфична сфера. Јупитер проширува сè со што доаѓа во контакт и затоа укажува на изобилство и радост. Оваа планета ја симболизира нашата „божествена“ интелигенција која е различна од „земјената“, таа е нашето шесто сетило.

Јупитер исто така укажува на сопругот и состојбата во бракот, но подеднакво нѝ дава информации и за нашиот однос кон децата.

Јупитер во 1 куќа – Дарежлива, весела, склона кон добар хумор личност, добронамерна, но и склона кон претерување. Оптимистичка и самоуверена личност. Привлекува симпатии и популарност. Јупитер во оваа куќа природно заштитува од „лоша среќа“. Негативните страни можат да бидат фрустрациите.

Јупитер во 2 куќа – Среќа на материјално поле, поседување на имоти, хедонизам и финансиска способност, можност за проширување на имот. Прилагодлива личност. Негативната страна – можни се грешки во пресметките поради прекумерен оптимизам што можат да доведат до губење на пари.

Јупитер во 3 куќа – Лојална и почитувана личност. Среќата поврзана со интелектуалниот сектор, пишување, производство, трговија и комуникација. Негативна страна – успесите можат да бидат проследени со падови, клевети, спротивставување на социјалното опкружување.

Јупитер во 4 куќа – Среќна лична експанзија во рамките на семејното опкружување, мирен однос со родителите, чувство на заштита кон нив. Благосостојбата е во домот, успехот е во сопствената земја и во инвестиции во недвижнини. Негативна страна –  грешки како резултат на вишок оптимизам и на емотивен и на економски план. Лоши инвестиции во недвижнини, загуби на пари поради родителите.

Јупиер во 5 куќа – Виталност, оптимизам, можност за целосно уживање во пријатната страна на животот, хедонистички темперамент. Човечка топлина, заштитничка љубов кон децата, патријархален став. Малку буржоаски став кон задоволствата. Негативната страна – претераните задоволства може да ве оддалечат од должностите. Проблеми со децата.

Јупитер во 6 куќа – Љубезна и тивка личност, лесно прилагодлива кон секојдневните обврски.  Фаворизирана личност во работното опкружување, успех во занаетчиска работа. Јупитер тука дава голема здравствена заштита. Негативна страна – фрустрација, несреќи кои одеднаш влијаат на здравјето.

Јупитер во 7 куќа – Експанзивни односи со другите, дарежливост. Успех во здруженијата, во бракот, особено од економска гледна точка. Јупитер тука дава генерално задоволувачка клима. Негативно – губење на имот поради сопружникот, социјална фрустрација.

Јупитер во 8 куќа – Ги ублажува тагите, го фаворизира закрепнувањето по падот. Среќа во наследства, особено наследство од партнерот. Тенденција премногу да се потпрете на помошта на другите. Негативна страна –  загубите на наследство, постојаното чувство на страв за загубата на блиски личности.

Јупитер во 9 куќа – Материјална среќа во контакти со странство или со странци. Заработки преку странски бизнис, интелектуален и социјален успех, признавање во странски земји. Удобни патување, задоволства при патувањата. Дух наклонет кон морал, кон филозофија, но без особено продлабочување. Негативна страна – слаб духовен развој.

Јупитер во 10 куќа -Успеси без многу напор, голема кариера. Среќа во независни професии или јавни кариери. Негативна страна – Загуба на имиџот поради недостаток на претпазливост, губење пари и негативна слава.

Јупитер во 11 куќа – Пријателства кои се развиваат лесно, во мирна и добронамерна клима. Заштита и помош од пријатели, рамнотежа заснована врз оптимизам. Аспирација за стабилност. Конзервативен авторитаризам со деца ако спротивната куќа е празна. Негативна страна – фрустрирана потрага по рамнотежа, разочарувања од областа на пријателствата.

Јупитер во 12 куќа – Задоволство при осаменост, самотијата е честопати барана. Интроверзија, медитација. Постхумен успех. Неможност за уживање во едноставните работи на животот, „отсуство“ од светот. Негативна страна –  милантропија, мрзливост, слаба отпорност на болести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот