Макрон го повика Пезешкијан веднаш да ги запре нападите: „Иран мора да го отвори Ормускиот теснец“
Францускиот претседател, Емануел Макрон вечер соопшти дека разговарал со својот ирански колега, Масуд Пезешкијан, и го повикал „веднаш“ да ги запре нападите врз земјите на Блискиот Исток и да им дозволи на бродовите безбедно да поминат низ Ормускиот теснец, објави „Њујорк тајмс“.
Препорачано
Во објава на социјалните мрежи, Макрон рече дека разговарал со Пезешкијан и изразил сериозна загриженост за развојот на нуклеарните и балистичките програми на Иран и неговите „дестабилизирачки активности во регионот“.
Макрон бил директен во своите барања во врска со безбедноста на глобалните трговски патишта, особено осврнувајќи се на стратешки важниот премин кој моментално е под блокада.
„Ја нагласив потребата Иран веднаш да ги запре нападите врз земјите во регионот. Иран, исто така, мора да гарантира слобода на пловидба со прекинување на фактичкото затворање на Ормускиот теснец“, напиша Макрон.
Покрај регионалната безбедност, францускиот лидер нагласи дека Париз внимателно ја следи судбината на своите граѓани кои се во Иран.
Како апсолутен приоритет тој ја истакна безбедноста и враќањето во татковината на Сесил Колер и Жак Париз, француска брачна двојка кои претходно беа затворени, а моментно се наоѓаат во француската амбасада во Техеран, објавува Ал Џезира.
И покрај острите пораки и несогласувањата, Макрон потврди дека двајцата лидери се согласиле да останат во директен контакт за да се обидат да избегнат понатамошни конфликти од големи размери.
Je me suis entretenu avec le président iranien Massoud Pezechkian.
Je lui ai indiqué que la sécurité et le retour en France de Cécile Kohler et Jacques Paris, qui se trouvent actuellement dans l’enceinte de l’ambassade de France, restent pour nous une priorité absolue.…
— Emmanuel Macron (@EmmanuelMacron) March 8, 2026


