Македонското жири во финалето од „Ѕвездите на гранд“: Кои македонски кандидати добија поени од него?

Изборот на Саша Поповиќ за македонското жири беа македонските пејачки Елена Ристеска, Тамара Тодевска и Калиопи кои се вклучија во живо и ги доделија своите гласови.

Гласањето беше идентично како на евровизија, само што исклучок беше тоа што нашите пејачки можеа да гласаат за учесниците од нашата земја.

Елена Ристеска 12 поени му додели на нашиот кумановец Мартинијан Кириловски, 10 поени и даде на победничката Џејла Рамковиќ, а 8 подели му додели на Огнен Здравковски.

Втора гласаше Тамара Тодевска која 12 поени и даде на победничката Џејла, на скопјанецот Филип Пецовски му додели 1 поен, на Дарко Коцевски му додели 10 поени, а на Огнен му додели 5 поени.

Калиопи своите највисоки 12 поени и ги додели на Џејла, 8 поени му даде на Огнен Здравковски, 5 поени отидоа кај Мартинијан, а 3 поени кај Дарко.

Најмногу поени за македонски кандидат додели Елена Ристеска со своите 12 поени кои му ги додели на кумановецот Мартинијан Кириловски.

Откако заврши гласањето, на социјалните мрежи се појавија премногу коментари за начинот на гласањето и за тоа како жирито од Македонија не ги поддржа нашите учесници со највисоки поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот