Македонското вино „гази“ во Европа

Фото: Pexels

Македонското вино е нешто со што се гордееме, најдобар промотор на нашата земја, и најгласниот и најдиректен маркетинг за нашата земја. Винската визија за Отворен Балкан е оригинален настан, најдобар промотор на нашата земја и можност да го презентираме нашето македонско вино. Прекрасни коментари и критики за нашето вино можеа да се слушнат на винската презентација од страна на Питер Мозер, специјалист и вински новинар и извршен уредник на одделот за вино на водечкиот германски гурмански и вински магазин Фалстаф, се вели во соопштението од Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство.

Преку нашето убаво македонско вино шириме позитивна енергија и стекнуваме нови пријателства. Одлични оценки и коментари за македонското вино можеа да се слушнат и од австриската пратеничка Мариа Гросбауер и Ханс Шојфеле менаџер на Wine&Co. За нас како министерство секторот винарство е високо во приоритетите. Вложуваме многу енергија и преку повеќе конкретни мерки го помагаме развојот на овој значаен сектор. Нашите вложувања ги даваат очекуваните резултати. Од година во година бележиме зголемување на извозот на флаширано вино. Како држава сме позиционирани на високото 13 место во светот по девизен прилив од извозот на вино. Македонското вино го позиционираме високо на винските мапи, а винскиот сектор е од стратешко значење за економијата на нашата земја, информираат од Министерството.

Малите семејни винарии ги поддржуваме со грант до 10.000 евра за набавка на опрема за производство. Преку првиот јавен повик за поддршка на малите семејни винарии во 2022 година поддршка добија 59 мали винарии, со вкупна вредност од 34.500.000 денари. Оваа година на вториот јавен повик за поддршка на малите семејни винарии интересот е двојно поголем, со повеќе од 130 апликации. Поддршка за развој на винариите обезбедуваме и преку ИПАРД програмата, овозможувајќи преку мерките од ИПАРД програмата поддршка за подигнување на лозови насади, набавка на опрема и проширување на производствените капацитети и вложување во развој на винскиот туризам, стои во соопштението од МЗШВ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот