Македонските тениски надежи во шест финални мечеви на турнирите во Анталија

Македонскиот младински тениски тим во Анталија, Турција/фото: mtftennis.mk

Македонскиот младински тениски тим имаше успешни 10 дена на турнирите во Анталија, Турција, каде се натпреваруваше со врсници од уште девет други држави. Воедно ова беше убава можност за размена на искуства и на тренерите на националните тимови во млади категории, особено што секојднево имаше и голем број на мечеви на повеќе терени.

Мечевите се играа во конкуренција на тенисери и тенисерки до 14 години – два турнира и еден турнир за тенисери и тенисерки до 12 години. Македонија имаше учесници во шест финални мечеви, а во два македонските тенисери се радуваа и на победите.

Андреј Темов триумфираше на турнирот до 12 години, а македонскиот дубл Марко Алексовски и Александар Грујиќ победија на првиот од двата турнири во конкуренција на двојки за тенисери до 14 години.

Сара Митевска одигра две финалиња на двата турнира (до 14 години) во поединечна конкуренција, а заедно со Анастасија Арсовска во двојки на вториот турнир играа финале, а на првиот беа полуфиналистки. Финале во двојки играше и Деа Крстевска на турнирот до 12 години заедно со Сара Трипиќ од Босна и Херцеговина.

Марко Алексовски во поединечна конкуренција имаше два порази во четвртфиналето (во двата случаеви загуби од финалистите) и на крајот заврши со ранг на петтото и на шестото место. Александар Грујиќ на вториот турнир стигна до полуфиналето, каде загуби од победникот Керем Генц од Турција, додека на првиот турнир заврши на деветтата позиција. Арсовска на двата турнири беше елиминирана во второто коло во поединечна конкуренција, но во двојки имаше полуфинале и финале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот