Фото: Скриншот/Јутјуб

ВИДЕО | Македонските танчари од „Денсерс јунајтед“ донесоа 17 медали од Светскиот куп во Италија

Македонските танчари од „Денсерс јунајтед“ остварија значаен успех на Светскиот куп во танц во Италија, освојувајќи вкупно 17 медали – осум први и девет втори места во повеќе категории.

На престижниот меѓународен натпревар, кој се одржа во Лењано, Италија, под покровителство на Светската федерација за уметнички танц (ВАДФ), настапија 23 танчери од скопскиот клуб. Светскиот куп во латиноамерикански танци традиционално обединува натпреварувачи од повеќе земји, а учеството на македонските претставници претставува значаен успех за домашната танцова сцена.

Танчарите од „Денсерс јунајтед“ се претставија со високо ниво на техничка подготвеност и сценска сигурност, што резултираше со осум први и девет втори места. Овие резултати се потврда за континуираната работа и посветеноста на клубот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот