ВИДЕО | Македонските танчари од „Денсерс јунајтед“ донесоа 17 медали од Светскиот куп во Италија
Македонските танчари од „Денсерс јунајтед“ остварија значаен успех на Светскиот куп во танц во Италија, освојувајќи вкупно 17 медали – осум први и девет втори места во повеќе категории. На престижниот меѓународен натпревар, кој се одржа во Лењано, Италија, под покровителство на Светската федерација за уметнички танц (ВАДФ), настапија 23 танчери од скопскиот клуб. Светскиот …

