Македонските сноубордери се закитија со четири медали во БиХ

Со бронзени медали се закитија Слободан Саздовски, Карло Дерибан и Ведран Лауренчиќ/Фото: facebook.com/skisavezbih/

На меѓународниот ФИС натпревар кој се одржува во Бјелашница (Босна и Херцеговина) четири бронзени медали освои македонската сноуборд репрезентација.

Во категоријата „Big Air“ Карло Дерибан се најде на третата позиција, потоа Ведран Лауренчиќ во категоријата „Slopestyle“.

Двапати до бронза дојде Слободан Саздовски во категориите „Slopestyle“ и „Big Air“, во различни возрасни категории.

Овој натпревар кој го организираше „Фристајл“ клубот од Сараево, беше прв меѓународен ФИС натпревар за нашите најдобри натпреварувачи во сноуборд оваа година.

Воедно со овие резултати спортистите ја исполнија нормата на Скијачката феддерација на Македонија.

Според најавите следниот викенд се очекува нашата земја да учествува на меѓународниот натпревар во Анилио, Грција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот