фото: Ракометна федерација на Македонија

Македонските ракометарки со успешен тест – ја победија Турција на гостински терен

Женската ракометна репрезентација на Македонија оствари победа на пријателскиот натпревар против Турција, славејќи со 26-29.

Иако првото полувреме беше изедначено и заврши со 12-12, во продолжението нашите ракометарки го кренаа темпото, одиграа поагресивно во одбраната и поефикасно во нападот. Таквата игра донесе контрола врз резултатот и заслужена победа на гостински терен.

Дуелот беше дел од програмата на ЕХФ неделата, а избраничките на Македонија сега ги очекуваат многу посериозни тестови – натпревари против Словачка и Словенија.

Преземено од: Sport.com.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот