Македонските ракометарки од четвртиот шешир ги чекаат ривалите на ЕП 2026
Најдобрата македонска женска ракометна репрезентација денеска со ждрепка која ќе почне од 18.00 часот во Катовице, Полска, ќе ги дознае противниците на Европското првенство што ќе се организира од 3 до 20 декември 2026 година.
Препорачано
Вкупно 24 репрезентации ќе бидат поделени во шест групи од по четири селекции во прелиминарната фаза.
Избраничките на селекторот Кристијан Грчевски обезбедија пласман на ЕП откако беа меѓу четирите најдобро третопласирани репрезентации во квалификациите.
Нашата селекција е во последниот четврти шешир заедно со Хрватска, Србија, Исланд, Украина и Грција, и тие не можат да ни бидат противници во првиот дел од континенталниот собир.
Шешир 1: Норвешка, Данска, Унгарија, Франција, Шведска, Холандија
Шешир 2: Германија, Црна Гора, Полска, Романија, Шпанија, Чешка
Шешир 3: Турција, Словачка, Словенија, Швајцарија, Австрија, Фарски Острови
Шешир 4: Хрватска, Србија, Исланд, Македонија, Украина, Грција
Прелиминарната фаза ќе се одржи во шест различни сали, а следните репрезентации веќе се распоредени во групи според прописите.
Унгарија во групата А во Орадеа (Романија)
Романија во групата Б во Клуж-Напока (Романија)
Турција во групата Ц во Анталија (Турција)
Чешка во групата Д во Брно (Чешка)
Полска во групата Е во Катовице (Полска)
Словачка во групата Ф во Братислава (Словачка)
Двете најдобри репрезентации од секоја група од прелиминарната фаза ќе се квалификуваат за главната фаза која ќе се игра во Клуж-Напока (репрезентации од групите А, Б и Ц) и во Катовице (репрезентации од групите Д, Е и Ф).
Последниот викенд ќе се игра на „Сподек Арена“ во Катовице на 18 (полуфинале) и 20 декември 2026 година.


