Македонските одбојкари триумфираа во првиот контролен меч со Албанија

Македонија со пресврт славеше во Маврово над Албанија/Фото: ОФМ

Денеска во првиот пријателски натпревар најдобрата македонска одбојкарска репрезентација триумфираше над Албанија со 3:1.

Првиот сет успеаја противниците да го добијат со резултат 25:19, но потоа следуваше пресвртот на избраниците на новиот селектор Ратко Павличевиќ.

Израмнивме во вториот сет кој го добивме со 25:18, па стекнавме водство од 2:1 откако во третиот сет во кој беше најубедливи бевме подобри со 25:17.

Мечот го завршивме во наша корист во четвртиот сет кој успеаја „црвено-жолтите“ да го освојат со 25:20.

Вториот контролен меч против Албанија исто така ќе го играме во Маврово на 19 мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот