Фото: kfm.com.mk

Македонските каратисти ќе настапат на престижната Серија А лига во Тбилиси

Каратистите на Македонија ја отвораат новата меѓународна сезона со настап на престижната Карате 1 Серија А лига во Тбилиси, Грузија.

Натпреварите започнуваат во петок, а нашата земја ќе биде претставена со 14 каратисти, од кои тројца ќе настапат уште првиот ден, согласно ждребувањето.

На турнирот во Тбилиси учествуваат 1252 каратисти, со 1190 натпреварувачки влезови, од 77 држави, што го прави овој настан еден од најсилните во светски рамки.

За голем дел од учесниците, ова натпреварување претставува генерална проба за Европското првенство за кадети, јуниори и У21, кое ќе се одржи од 6 до 8 февруари во Лимасол, Кипар.

Настапи – Карате 1 Серија А:
-55 кг
Михаела Мишовска
Рудина Алиу

-61 кг
Викторија Јовановска
Јована Мицовска
Вероника Костовска
Магдалена Божиновска

+68 кг
Ердона Зибери – Шарлоте Руелман (Германија)
Греса Мустафаи – Лидија Вулат (Англија)

-60 кг
Фаик Весели

-67 кг
Вукашин Јовановиќ
Матеј Белистојаноски

-75 кг
Петар Заборски

-84 кг
Данило Божовиќ
Реџеп Рушити

+84 кг
Стефан Стојановиќ – Емануеле Магнели (Сан Марино) / Омар Абделкеј (Египет)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот