Македонските каратисти бркаат медали на Европското првенство за кадети, јуниори и постари јуниори

фото: Карате Федерација на Македонија

Младите македонски каратисти ќе настапат на Европското првенство за кадети, јуниори и постари јуниори (У21) кое ќе се одржи во Ларнака.

Нашите натпреварувачи ќе бркаат медали во кипарскиот град каде најавено е дека ќе учествуваат над 1000 каратисти од 48 земји.

Листа на македонски каратисти во Ларнака: Јусра Адеми, Рудина Алиу, Андреј Ангеловски, Мартина Арсовска, Андреј Басаров, Матеј Белистојански, Марко Бунтески, Нуредин Дервиши, Сара Дука, Кенза Фетаи, Викторија Јовановска, Бојан Костов, Ера Коџа, Дурата Мемети, Јована Мицовска, Љупче Михајлов, Анастасија Минговска, Михаела Мишовска, Греса Мустафаи, Теодора Наумовска, Симона Николовска, ката тим (Имери, Мемети, Речи), Теодор Павловски, Мартина Петреска, Марко Поптодоров, Фисник Шаќири, Недим Шаќири, Леона Ширкова, Филип Стојанов, Стефан Стојановиќ, Андреј Стојчевски, Стефан Стојмиров, Марио Свинарски, Витомир Трајковски и Јован Врклевски.

Последното вакво натпреварување се организираше во Прага во јуни 2022 година кога Шпанија се најде на врвот со 14 медали од кои шест златни.

Македонија тогаш во чешкиот главен град се закити со една бронза која ја освои Љупче Михајлов во јуниорска конкуренција во категоријата до 68 кг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот