Македонскиот тенисер Калин Ивановски напредуваше за 16 позиции на АТП ранг листата

фото: instagram.com/kalin_ivanovskii

Денеска е објавена најновата АТП ранг листа на која нов скок запиша најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски.

Ивановски има нов напредок од 16 позиции и моментно е на 478 место со 84 поени, што е до сега негов најдобар ранкинг во кариерата.

Нашиот тенисер пред осум дена играше финале на турнирот во Тунис, а истото мораше да го предаде поради повреда, но се надева дека наскоро ќе заздрави и ќе се врати во својата најдобра форма.

Новак Ѓоковиќ ја започна 377 недела на врвот на АТП со 7070 поени, пред второпласираниот Карлос Алкараз (6480), а на третото место е Стефанос Циципас (5940).

На ВТА ранг листата во женска конкуренција првопласирана е Ига Швјонтек (10900 поени), пред Арина Сабаленка (6100) и Пегула Џесика (5250). Најдоброрангира македонска тенисерка е Лина Ѓорческа која се наоѓа на 222 место со 297 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот