фото: РК Вардар 1961

Македонскиот репрезентативец Милан Лазаревски ќе паузира три месеци

Милан Лазаревски три месеци ќе биде надвор од терените, официјално денеска соопшти ракометниот клуб Вардар 1961.

Лазаревски, кој воедно е член на најдобрата македонска репрезентација, по операцијата на рамото ќе го пропушти првиот дел од новата сезона.

Успешната операција на десното рамо беше извршена во Загреб, Хрватска, од страна на Никола Чичак.

Лазаревски имаше проблеми со рамото, и беше решено во најбрз рок да се изврши операција за потоа да биде подготвен за она што следува во првенството, известуваат од РК Вардар 1961.

Скопските „црвено-црни“ и со одигрување на контролни мечеви се подготвуваат за претстојната сезона. Во четвртокот на турнирот „Крсте Андоновски“ во Охрид загубија од Еурофарм Пелистер со 28:23, а претходно во првиот меч на турнирот славеа против Динамо Панчево од Србија со 29:27.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот