Македонскиот актер и пејач од самоизолација го објави неговиот најнов спот кој го снимаше во Барселона (ВИДЕО)

Македонскиот актер и пејач Кирил Трајковски или познат како Марлон Брандо веќе неколку дена се наоѓа во самоизолација заедно со уште еден негов пријател. 

Двајцата пред неколку дена се вратија од Барселона, а во авионот со кој слетале во Скопје еден од патниците беше позитивен на коронавирус.

Патувањето во Барселона, Кирил го искористи и да сними видеоспот за неговата најнова песна „Поучна песна“.

Кирил или Марлон Брандо вчера премиерно го објави видеото на неговиот профил на Фејсбук, а како опис го напиша следното:

– Карантин – Ден 6

Денеска нема многу да пишувам како се чувствувам едноставно ќе ве почастиме со најновиот спот. Ова видео произлезе од нашата авантура во Барселона која се надевам ќе заврши со среќен крај. И кажи фала, те молам ќе бидеш добар друже, сонувај дека си ѕвезда. Верувај силно во тоа и ти си богат сине ова е поучна песна. Огромна благодарност до Марко Соколовски кој секогаш е покрај мене па дури и во карантин. Благодарност и до Александар Кипровски без него ништо немаше да се случи, фала и за Стефан Илиевски кој дојде да отсвири сакс. Уживајте и бидете среќни и нека оваа песна стане химна на љубовта, надежта и среќата…

Погледнете го неговиот спот:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот