Дела на Филип Фидановски и Ана Митевска / колаж

Македонски уметници учествуваат на меѓународната изложба „Пеперутки во душата“ во Братислава

На Западната тераса на Братиславскиот замок во Словачка, од 14 до 30 август ќе се одржи третото издание на меѓународната изложба „Пеперутки во душата“ („Butterflies in the Soul“), во организација на невладиното здружение „Sme ženy“ од Братислава, во соработка со Националниот совет на Република Словачка.

Македонија годинава ќе биде претставена од двајца истакнати автори: Филип Фидановски, со седум скулптури во керамика од изложбата „Пикасо, можеби јас 2“ и Ана Митевска, со четири слики акрил и масло на платно од циклусот „Надеж“. Настанот е под мотото „Уметноста поврзува“ и ќе се претстават уметници од повеќе земји од Европа.

Претставувањето на македонските уметници се реализира со финансиска поддршка на Министерството за култура и туризам, со поддршка на македонската амбасада во Братислава и организациска поддршка на „Архифакт“ од Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот