Македонски државјанин приведен во Бугарија

Бугарската полиција на граничниот премин „Ѓуешево/Деве Баир” го привела 53-годишниот македонски државјанин Н.Е. врз основа на европска потерница издадена од Суд во чешкиот главен град Прага.

Како што соопшти софиското Јавно обвинителство, при проверка на документите за лична идентификација, полициските службеници на граничниот премин утврдиле дека прашкиот Суд издал европска потерница за апсење и екстрадиција на Н.Е. под обвинение за „перење пари, фалсификување на официјални документи и тргување со нив”.

Потерницата против Н.Е. е издадена за отслужување на двегодишна казна затвор на која е осуден од страна на чешки Суд.

Бугарското Обвинителство информира дека издало налог за задржување во притвор на Н.Е. се до завршувањето на постапката за негова екстрадиција.

ВИДЕО | Акција на МВР во Битола: Пронајдена дрога, лица без сертификати, четири објекти запечатени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот