Македонски државјани се на списокот странци кои денеска треба да ја напуштат Газа преку преминот Рафах

Премин Рафах, меѓу Египет и Газа / Фото EPA-EFE/HAITHAM IMAD

Властите на Палестина рано утрово ја објавија листата со имиња на околу 600 дополнителни странски државјани на кои ќе им биде дозволено да заминат во Египет преку граничниот премин Рафах. Според информацијата што ја објави „Њујорк Тајмс“, меѓу овие државјани има и Македонци.

Фото: Њујорк Тајмс, принтскрин

Од македонското Министерство за надворешни работи велат дека во Газа има вкупно пет наши државјани и една палестинска државјанка, сопруга и мајка на две деца со македонско државјанство.

– Сите тие се на листата за напуштање на Газа. Исто така, покрај овие пет, на листата е и една палестинска државјанка (сопруга и мајка на две деца, кои имаат македонско државјанство), додаваат од МНР.

МНР: И македонските државјани во Газа наскоро ќе се евакуираат преку граничниот премин Рафах

Министерството вчера ја поздрави одлуката за одлуката за отворање на граничниот премин Рафах, со што се овозможува евакуација на странските државјани, вклучително и петте државјани на Република Северна Македонија.

– Нашите државјани кои се наоѓаат во Газа веќе се вклучени во списоците за евакуација и истото очекуваме наскоро да се реализира согласно околностите на терен и динамиката на евакуација, имајќи го предвид големиот број странски државјани во Газа кои се дел од оваа операција. Преку тесна и континуирана комуникација со надлежните институции на Египет и Израел како и со нашите државјани, Министерството за надворешни работи е непосредно и континуирано активно вклучен, со цел нашите државјани да бидат безбедно и навремено евакуирани, соопшти вчера МНР, одговарајќи на прашањето од „Слободен печат“ за можноста за евакуација на македонските државјани заглавени во Газа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот