Македонската тенисерка Ѓорческа го заврши настапот на турнирите во Анталија

фото: mtftennis.mk

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот во првото коло на ИТФ фјучрсот во Анталија, Турција.

Ѓорческа во првото коло играше против Русинката Александра Шубладзе и загуби со 2:0 во сетови (6:2, 6:3) за 101 минута игра.

Првиот сет беше под целосна контрола резултатски на противничката на Ѓорческа, која поведе со 5:0 и сетот го заврши со 6:2 во гемови. Во вториот сет до 3:3 беше нерешено, а следните три гема ѝ припаднаа на Шубладзе која го доби сетот со 6:3, а со тоа и мечот со 2-0 во сетови.

Слабата реализација на Ѓорческа на брејк топки е причината за поразот. Македонската тенисерка имаше скор од 3/16, додека противничката 6/9.

Поради дождот организаторите на турнирот во Анталија имаа проблеми со програмата, а овој меч требаше да се игра во вторникот.

Ѓорческа следниот настап ќе го има на турнир во Трнава, Словачка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот