Македонската скијачка Јана Атанасовска освои второ место во австрискиот Веинебене

фото: Скијачка федерација на Македонија

Младата македонска скијачка Јана Атанасовска во скијачкиот центар Веинебене, Австрија, во слаломската трка успеа да го освои второто место.

Нашата натпреварувачка оствари вкупно време од 1:46.94 мин. во силна конкуренција за 37,29 ФИС точки, што е најдобар резултат во историјата на македонското скијање.

Нејзиниот претходен најдобар резултат од 47,97 ФИС точки го имаше пред два месеци.

По првото возење Атанасовска беше првопласирана (50,55 секунди) и со 0,71 секунда пред второпласираната.

Од 31 скијачка колку што ја завршија трката, на првата позиција се најде Елизабет Куцера од Австрија (1:46.29), а на третото место заврши Аниела Савицка од Полска (1:47.16). Сите резултати ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот