Македонска ракометарка во Романија вмешана во допинг скандал!

фото: Johnny Pedersen/dbrs.dk

Три ракометни репрезентативки на Романија нема да играат на Светското првенство во Јапонија, тие се Кристина Ласло, Бјанка Базалиу и Дацијана Хосу.

Според романскиот веб портал „gsp.ro“, уште четири ракометарки на екипага на Корона Брашов меѓу кои и македонската ракометарка Наташа Нолевска, поминале на терапија на клиниката во Брашов, со интравенски ласер, забранет од ВАДА.

Сите дале исказ дека ја користеле терапијата, а романската антидопинг комисија откако ќе ги собере сите изјави од ракометарките што биле на третмани, ќе ја соопшти точната одлука за големината на суспензиите.

Суспензијата на Нолевска тече од 27 ноември, а до кога ќе трае, ќе биде соопштено на 4 декември.

Освен казни за играчите, можно е и суспендирање на клубот од европските клупски натпреварувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот